
Антикорупциска повика владата да расчисти со непотизмот, премиерот бара политичка и професионална одговорност од функционерите
По донесените одлуки за непотизам антикорупциска очекува Владата да интервенира.
Прстот од комисијата го вперуваат во директорите на институциите каде се откриени спорните вработувања на роднини на функционери но и самите функционери.
Претседателката на ДКСК вели дека нивните препораки се сега да се истражи нивната одговорност што е должност на владата, управните и надзорните одбори на државните претпријатија.
Од друга страна пак Заев се правда дека додека е предизборниот период не може да расчисти со раководителите на спорните институции ниту со функционерите.
Повика тие да понесат политичка и професионална одговорност. Во исто време од позиција на Премиер дал наредба да им се прекинат работните односи на сомнително вработените.
И додека премиерот убедува дека ќе се справи со непотизмот, опозицијата не е уверена во ова.
Вчера антикорупциската комисија објави дека се спорни три вработувања на роднини на секретарот на СДМС Кирацовски, вработувањето на сестрата на министерот Бектеши, и по едно на роднини на портпаролот и пратеник Костадин Костаднинов и на пратеничката Мира Стојчевска.
Само Бектеши заработи прекршочна пријава додека за останатите ДКСК ја извести владата и трудовиот инспекторат да постапуваат за непотизмот кои го открија.
Билјана Николовска