
Антикорупциска подготвува план „Б“ за работа во услови на коронавирус
Антикорупциска делумно е во изолација. За три члена се изготвени решенија за изолација а еден член побарал самоизолација откако пред два дена четворица вработени во Антикорупциска се потврдени како позитивни на коронавирус, а со кои членовите на Комисијата во средата имале состанок. Изолацијата на некои од членовите е надополнета и со контактот кои тие го имале минатата недела со градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов кој е исто така позитивен на коронавирус. Сепак од изолација се изземенени два члена меѓу кои е и претседателката Билјана Ивановска, иако биле присутни на состанокот со лицата од генералниот секретаријат кои се позитивни, а имала состанок и со Шилегов.
„Јас имав исто анкета вчера, му објаснив на докторот, односно му одговорив на прашањата на кое растојание сме биле и т.н. и мене не ми определи решение за самоизолација. Меѓутоа јас се придржувам како да сум во самоизолација. Денеска не сум на работа, никој не е на работа, јас сум изолирана се додека не се утврдат резултатите од тестот“, вели Ивановска за Телма.
Влезот на коронавирусот во Антикорупциска го стави под знак прашање нејзиното функциуонирање во изборниот период, со оглед дека таа е една од институции која ги мониторира изборите, но Ивановска уверува дека во Комисијата ќе направат се нивната работа да не биде попречена. За тоа уште оваа среда е закажано тестирање на вработените по што целата ситуација околу функционирањето на Антикорупциска ќе биде појасна.
„Нормално дека правиме и план Б, за не дај боже, ако се случат такви настани. Меѓутоа мислам дека ќе излеземе од криза бидејќи на нас главен сојузник ни е Платформата на граѓанските здруженија за борба против корупција, така што мислам дека заеднички ќе го изменаџираме целиот процес. Дотолку повеќе што овој пат организиравме малку повеќе електронски да ја следиме целата работа. Техниката дозволува и на овој начин да се следи изборната кампања, не е неопходно физичко присуство во канцелариите на ДКСК, ги имаме истите податоци и информации и на овој начин“, вели претседателката на ДКСК.
И додека антикорупциска го чека тетирањето в среда за да се види на каков начин ќе ја продолжи својата работа и дали дел од нејзините членови до 1 јули ќе останат во изолација како што стои на нивните решенија за изолација, во Град Скопе целата барака каде се наоѓа е канцеларијата на градоначалнникот е веќе самоиницијативно во изолација, како и неговиот возач и вработени во кујната. Од Град Скопје за Телма информираат дека се се уште се врашат епидемиолошките анкети по позитивниот тест на градоначалникот Шилегов.
Тамара Грнчароска