Антикорупциска отвори предмет за изборот на јавни обвинители

Државната комисија за спречување корупција. ќе истражува  дали има судир на интереси при изборот на обвинители. Комисијата по своја иницијатива отвори предмети за кои се објавуваа информации во медиумите кои пишуваа за изборот на обвинителите во Советот на јавни обвинители.

На денешната седница ДКСК  донесе заклучок да се отворат два предмети од областа на судир на интереси и да се пристапи кон прибирањеа релевантна документација од институциите со цел утврдување на фактичката состојба, врз основа на кои ќе може да донесе конечен заклучок за постоење или непостоење судир на интереси“, велат од антикорупциската комисија.

Предметот се однесува на назначувањето на Марија Ѓорѓова за обвинител во Обвинитеслтвото за организиран криминал, и Лидија Раичевиќ на која не и беше продолжен мандатот во истото обвинителство.

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, соопшти дека одлуките се носат колективно преку поединечно гласање на секој член и дека кандидатот Марија Ѓорѓева ги исполинила  условите дадени во огласот и при гласањето ја добила  довербата на сите други членови на Советот на јавните обвинители демантирајќи дека тоа е резултат на роднински врски со него а за кандидатот Лидија Раичевиќ извести дека  таа досега не била избрана со мандат во тоа обвинителство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ