
Антикорупциска најпрво ќе го проверува имотот на претседателите на судовите
Деновиве антикорушпциска ќе ги испрати првите барања до Државниот завод за ревизија ујп и други институции за да провери дали претседателите на судовите дале точни податоци за имотната состојба. Претседателските конта, невижнини и превозни средства ќе бидат проверувани во првото тромесечие од годината открива претседателката на анктикорпуциска Биљана Ивановска . Во меѓувреме се надеваат дека судскиот совет ќе им достави податоци за да изберат кои судии би биле следни за проверка на имотната состојба, бидејки нема да се проверуваат сите над 600 судии во државата
Нас времето не гази и на следната седница се одлучивме да започнеме со прва фаза. Во првиот квартал да ги ставиме прво ќе претседателите на судовите, како еден почетен чекор. Потоа ќе видиме врз анализите на Судскиот совет ќе продолжиме понатака, изјави Ивановска
Претседателот на Судски Киро Здравев денвовие најави дека ќе имаат заеднички состанок со ченовите на дкск за да ги расчистат сите дилеми и да ја синхронизираат работата за секој од свој апсект да ги монтирира судиите.
Ивановска е загрижена и дека овој парламентарен состав нема да стаса да ја усвои Националата стратегијата за борба против корупција во која се детектирани сите ризици и слаби точки во системот. На оваа тема Ивановска говореше заедно со претставници на бизнис заедницата невладиниот сектор и власта во рамки на одбележување на Неделата на интегритет и антикорупција 2020, организирана од Интернационалната стопанска комора со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија.
Елена Ивановска Мукоска