Антикорупциска ќе проверува дали е законски изборот на Адеми за доцент

Државната комисија за спречување корупција ќе истражува дали министерот за образование и наука Арбер Адеми незаконски е избран  за доцент на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово во 2017 година, додека сѐ уште бил министер без ресор во Владата.

Од Државната комисија за спречување корупција , велат дека имаат многу материјал и дека сè уште се работи на случајот, а дека преставката била поднесена пред две недели.

Комисијата работи по претставка на Ѓорѓи Илиевски, просветен инспектор, кој за Факултети.мк тврди дека при редовен инспекциски надзор на тетовскиот универзитет утврдиле дека актуелниот министер за образование и наука Арбер Адеми незаконски е избран во наставно-научно звање доцент бидејќи во периодот на изборот неговото работно место на ДУТ било во мирување.

Министерот Адеми , вели дека се уште никој од надлежните не го исконтактирал, а дека процедурата за неговото унапредување е во наделжност на Универзитот.

Уште двајца функционери од Владата, според Илиевски, исто така незаконски напредувале во наставно-научни звања на тетовскиот универзитет.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ