
Антикорупциска ќе ги преиспитува договорите за закуп на канцeлариите на експретседателите Иванов и Црвенковски
Можеле да се вселат и во деловен простор сопственост на државата, но закупиле канцаларии за неколку илјади евра месечно. Експретседателите Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски се најдоа на „црната листа“ на антикорпуцската комисија. Отворениот предмет за нив треба да ги даде одговорите дали постоеле судири на интереси при изборот на просториите и фирмите сопственици.
Одговор зошто се одлучиле токму за тие простории јавноста не доби. Ѓорѓе Иванов одлучи да се всели во една од кулите на компанијата „Турмак – Џевахир“, а на сосптвеникот Иванов му беше еден од свадбените кумови, за цена од 1.950 евра месечно. И Црвенковски одново се најде во центарот на вниманите со канцаларијата за која се трошат месечно 3.600 евра за закупнина. Антикорпуционерите едногласно го прифатија предлогот да се истражуваат непродуктивните трошоци на функционерите, надоместоците за гориво за пратениците, репрезентациите на функционерите, користењето на службените автмобили и додатоците за одвоен живот.
Антикорупциската комисија отвори уште еден предмет за в. д. директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска бидјеќи навреме не ги доставувала анкетните листови за состојбата со нејзиниот имот.
Павле Беловски