
Антикорупциска ќе ги чешла партиските вработувања
Споругот Иљо Стојчевски и синот Виктор Стојчевски се најдоа и на „црниот“ список кај новиот состав на Комисијата за спречување корупција којшто денеска објави дека отвора истрага како се вработиле најблиските роднини на пратеничката Мира Стојчевска од Делчево. Прашања кој треба да ги одговори комисијата се дали помагал собранискиот спикер Талат Џафери, неговата ќерка да се најде на платениот список на државната ЕЛЕМ, како и уште 15 роднини на јавни функционери.
Стојчевска и пратеникот Горан Мисоски отишле чекор понапред од антикорупциска и ја известиле комисијата пред два дена дека нивни блиски се вработени во државни претпријатија. Дел од спорните вработувања биле ангажаирани преку агенции за вработување, за што комисијата укажа дека токму овде гледаат можност за реагирање на начинот и постапката како роднини на функционери стасале до работните места.
Комсијата освен списокот на 18 лица на функциоерни кои се врбаотиле во измиантиве месеци или напредувале на висоски раководни позиции ќе се врати наназад и ќе ги испитува сите можни партиски вработувања. До сега никој од овие деца, сопружници, сестри и браќа на функциоенри не го прифати укажувањето на премиерот Зоран Заев да се повлечат од своите позиции. Комисијата отвори предмет и за распределбата на парите за финансирање на годишната програма на Минситерството за кулутура, а на инситуциите кои побарале мислење од ДКСК им порачаа да си ги читаат законите, бидејќи комсијата со новиот закон нема повеќе обврска да издава мислења.
Павле Беловски