
Антикорупциска ги испратила првите барања за проверка претседатели на судови, за Вангеловски се уште нема одлука ни од антикорупциска ни од жалбениот совет
Претседателите на судовите ќе треба да и достават на антикорупциска податоци за најблиските членови на семејството. Потоа антикорупционерите ќе бараат од институциите како УЈП, централен регистар, Катастар, Централен депозитар на хартии од вредност и др да им достават податоци за недвижен имот, сметки хартии од вредност возила кои ги поседуваатчленовите на семејството. Таму каде што ќе забележат несразмерности, отстапувања или ќе има индиции за непријавен имот ке преминатна следен чекор утврдување на потекло на имот.
Вака за Телма од антикорупциска ја објаснуваат постапката за проверка на имот која почнаа од претседатлеите на судовите согласно планот кој го донесоа за првите три месеци од годината.
Екпретседателот на Врховен, Јово Вангеловски и уште неколклумина други судии за кои лани ДКСК отвори постпаки за проверка нема да испаќаат барања за податоци. Велат и после повеќе месеци откако испратиле барања до финасиска полиција одговри не добиле.
Вангеловски денеска требаше да се појави пред 9-члениот жалбен совет во Врховен, кој треба да одлучи по жалбата за неговото разрешување. Тој и неговата колешка која беше исто така разрешена Рахилка Стојковска, барале лично да присуствува на расправата но според извори на Телма повторно, не дошле туку само адвокат како нивен полномошник. Неофицијално од нашите извори велат дека адвокатот прво барал одлагање но откако е го одбиле барал изземање на сите судии во жалбениот совет за што дополнитлено ќе се одлучува.
Поради ова, нови седници за жалбите на овие двајца разрешени судии, се закажани за во четврток и за следниот понеделник.
Минатиот пат во јануари, се одложи расправата на жалбениот совет поради отсуство на Вангеловски и Стојковска.
На почетокот на февруари истече 30 дневниот законски рок во кој советите требаше да одлучат дали стануваа правосилни нивните разрешувања или се враќа постапката во Судски совет.
Вангеловски, Стојковска и Ристо Катавеновски судски совет ги разреши поради тоа што му го укинаа притворот на бизнисменот Кочан додека беше во бегство.
Елена Ивановска Мукоска