Антикорупциска да се произнесе за вработувањата па потоа функционерите ќе одлучуваат за одговорност и оставки

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, без прецизен одговор каква одговорност ќе понесат доколу Антикорупциската комисија утврди нерегуларности при вработувањата на Влора Бектеши во МЕПСО и Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ. Двајцата најавуваат дека ќе почекаат на извештајот на Комисијата пред да ги соопштат следните чекори.

Бектеши нагласи дека не гледа ништо спорно околу вработувањето на неговата сестра во МЕПСО.

Директорот на ЕЛЕМ, Миновски, најави одговорност за сите но само ако Антикорупциска утврди нереглураности при вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска.

Тој нагласи дека систематицијата на работните места во ЕЛЕМ со одлука на Управниот одбор е класифицирана како интерен акт и нема да биде доставен до јавноста додека се води предметот во Комисијата.

Систематизацијата во ЕЛЕМ и годишниот план за вработување точно покажуваат дали и кога компанијата го отворила работното место на позицијата на која е примен Виктор Стојчевски. Како што е познато на огласот се пријавиле уште двајца кандидати со 10 и 20 годишно искуство, но на позицијата приправник инженер за нови технологии е примен синот на пратеничката Стојчевска кој во апликацијата навел дека иума 19 месечно работно искуство.

Од Антикорупциска пак, без детали околу текот на постпката но со најава дека следната недела ќе го соопштат својот став дали вработувањата се спорни или не.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ