
Антикорупциска да не се занимава со ситни случаи на корупција
Антикорупциската комисија да се зафати со истражување на голема корупција а не на ситни случаи како што стартуваше, порачаа невладините. Од ДКСК пак се спротивставија. Порачаа да не се потценуваат малите коруптивни скандали, а на поголеми веќе се работи и се очекува епилог.
Новата антикорупциска започна да работи од февруари и до сега стигнале 500 пријави за корупција што во споредба со претходно е голем број велат невладините. За заменик министерот за правда Оливер Ристовски индивидуално е дали некој функционер ќе биде корумпиран.
Борбата со корупцијата и владеењето на правото е една од клучните реформи за влез во Еу порачаа и преставниците на комисијата во земјава. Во извештајот пак за земјава се вели дека сите центри на моќ мора ова мора да биде приоритет број еден.
За да има корупција потребни се две страни беше истакнато на форумот за антикорупциски реформи кој се одржа денеска во скопје. Според истражувањата на 30 проценти од граѓаните им било побарано мито, а дури 29 проценти дале што е запрепастувачка бројка за борците против корупцијата.
Билјана Николовска