Антикорупциска бара вонреден инспекциски надзор за постапката за избор на ректор

Вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за високото образование и Статутот на УКИМ, како и во однос на законитоста на постапката  за избор на нов ректор е барањето на Антикорупциска до Државниот просветен инспекторат. Според ДКСК спорно е и самото спроведување на постапката за избор на ректор во услови на вонредна состојба

И покрај тоа што со новиот Закон е предвидено претседател на Сенат да биде избран од редот на сенаторите,  Јанкуловски  се ‘уште претседава со Сенатот и  на тој начин го контролира работењето на највисокиот орган на УКИМ, како и постапката за избор на нов ректор, се досегашните реакции  академската заедница. Тоа е во спротивност со законското решение коешто овозможува децентрализација на управувањето и демократизација на Универзитетот, велат од НАКС .

Ректорот Јанкуловски, за Телма вчера изјави дека гласањето за  Универзитетската изборна комисија ќе биде спроведено со физичко присуство, согласно објавениот протокол на Владата од 22 мај, за одржување седници на органи за управување.  Тој демантираше дека мнозинство сенатори барале да се одложи седницата.

Според сознанијата на Телма, во изминатиот период се поднесени неколку преставки до Државниот просветен инспекторат во врска со прашањето за претседател на Сенат на УКИМ, но досега надлежната институција не постапила.

Веќе утре на Ректорска управа треба да се донесе одлука за отворање јавен оглас за избор на ректор, со рок од 5 дена.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ