
Анкета ИРИ: Државата се движи во погрешна насока, младите немаат иднина
Државата се движи во погрешна насока, младите немаат иднина во земјата. Најголема доверба има Армијата, најмала обвинителството и судството. Парламентот, партиите и опозицијата, но и Премиерот треба да се замислат – тоа се резултатите од анкетата на американскиот републикански институт ИРИ , објавена денеска. Спроедена е регионално – теренски од 15 февруари до 4 март, во МАкедонија на примерок од 1472 испитаници
61 % од македонските граѓани сметаат дека држвата се движи во погрешна насока – наспроти 33 кои сметаат дека оди во добра насока покажува последната анкета на Амриканскиот републиканси инситут – ИРИ. Најголем проблем во државата е економијата и невработеноста изјавиле 33 % од анкетираните, за 24 отсто тоа се трошоците на живот и восиките цени, а за 17 % – корупцијата. Најголем приоритете за Владата треба да биде економијата, оценуваат граѓаните. Но од друга страна, состојбата во своето домаќинствата со 61 % ја оцениле како добра или донекаде добра.
Македонските граѓани најмногу и веруваат на Армијата – кумулативно 64 % од оние кои изјавиле дека многи и веруваат ( 19 % и донекаде и веруваат – 45 %) . Потоа се религиозните заедници со 63 %. Полицијата има 49 % доверба, наспроти 61 % од оние кои изјавиле дека донекаде или т или воопшто не и веруваат, потоа се Претседателот, кој има доверба од 41 %, наспроти 59 % граѓани кои делумно или воопшто не му веруваат. Потоа следуваат медиумите во кои кои делумна или целосна доверба имаат 41 %, а делумно или воопшто не им веруваат 58 % испитаници. Во премиерот доверба имаат 37 %, наспроти 59 кои делумно или воопшто му веруваат. Убедливо најголема недоверба има судството од 79 %, потоа е јавното обвинителство со 73 %, политичките партии и парламентот со 72 % и опозицијата со 66 %.
45 % од граѓаните сметаат дека државните политики водат кон поларизација, наспроти 36 % кои одговориле дека тие одат во правец на консензус . Огромни 81 отсто сметаат дека младите немаат добра иднина во земјата.
Во регионалната анкета, опфатени се повеќе прашања. 93 % од македонските граѓани изјавиле дека би гласале ЗА доколку денеска се одржи референдум за членство во ЕУ. А Mакедонците се најголеми југоносталгичари од дел земјите од поранешна југославија – Србија, Црна Гора Косов и Босна кога е во прашање животниот стандард – 62 отсто изјавиле дека подобро се живееело пред распадот на Југославија, отколку денеска.
Боби Христов