Анѓушев: Вработените во Веибо ќе ги земат платите и ако се отвори стечај

Доколку сопственикот не успее да ги подмири своите долгови, може да дојде и до отворање стечај врз Веибо. Сопственикот и директорот на компанијата денеска го информирале вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев за фактичката состојба во оваа фирма, која им должи три заостанати плати на своите вработени.

Анѓушев објасни дека инвеститорот не успева да обезбеди доволно работи и нема доволна ликвидност на компанијата, и во моментов ја изгубил деловната активност. Има блокирана сметка и вкупен долг од 700.000 евра. Сега тој има две можности за решавање на проблемот. Прво да донесе нов капитал и да се раздолжи со вработените и компаниите со кои соработува или да ја продаде компанијата, и второ по истекот на 45 дена од блокирање на сметката да се покрене постапка за стечај. Втората варијанта е погодна за вработените, но и за инвеститорот. Среќна околност е што во стечајната постапка би имало повеќе капитал за надмирување отколку што има обврски кон сите доверители вклучително и вработените на кои им должи три плати, вели Анѓушев.

Според вицепремиерот, овој инвеститор всушност имал проблеми од доаѓањето во земјава, кога претходната Влада му ветила 2.000 вработени, кои би земале плата од само 150 евра, но вели дека оваа власт која ја зголеми минималната плата на 200 евра, тоа не може и не сака да го обезбеди.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ