Анѓушев: Со новиот Закон за енергетика граѓаните ќе бидат заштитени од поскапување на струјата

Не се исклучени ценовни шокови кај електричната енергија по либерализацијата на пазарот на струја во земјава. На светските берзи цената на струја може да ја зголеми порастот на цената на нафтените деривати на меѓународните берзи.

Но, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев тврди дека граѓаните во земјата ќе бидат заштитени од евентуални можни ценовни нарушувања со новиот Закон за енергетика, кој вчера стапи во сила, а предвидува универзален снабдувач кој ќе се избере на јавен оглас, и ќе биде заштитен механизам од раст на цената.

„Законот во својот текст нуди решение како преку универзалниот снабдувач, практично целата електрична енергија произведена од домашното проузводство во ЕЛЕМ, да стигне до граѓаните на Република Македонија,  односно до домаќинствата и да ги заштити од таквите ценовни шокови. Не знаеме што ќе се случува со берзанските цени на нафтата, на струјата, на гасот во текот на следните години“, рече вицепремиерот, Кочо Анѓушев.

Нина Нинеска Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ