Анѓушев очекува раст во вториот квартал и вели нема да се измислуваат проекти со краткорочни ефекти, како „например Битола 2020“

Измислени проекти со краток ефект на економски раст, но со долгорочни штетни последици нема да се прават за вештачки да се создава слика на економски бум, вели вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој тврди дека актуелната власт кон капиталните инвестиции се однесува и домаќински и во интерес на граѓаните.

Капитални инвестиции воопшто нема, обвинува опозиционата ВМРО-ДПМНЕ со месеци и тврди дека власта не обезбедила ниту раст на економија, ниту подобар живот за граѓаните кои ја очекуваат просечната плата од 30 илјади денари. Анѓушев пак заедно со премиерот го дели оптимизмот, растот на бруто домашниот производ ќе биде на ниво на планираните 3,2 проценти.

Во владиниот кабинет економскиот раст го очекуваат и од малите и средни претпријатија, а денеска за нив беше промовиран и првиот повик за конкурирање со 4 мерки за поддршка, вредни 3 милиони евра. Најмногу шанси ќе имаат иновативни компании.

Огласот е објавен на веб сајтот на Фондот за иновации и технолошки развој, на него може да конкурираат претпријатија со број на вработени од 5 до 250. Сите што ќе бидат избрани може да очекуваат помош во вредност од 30 проценти на сопствената инвестиција.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ