Анѓушев контра Ангеловска – данок на штeдни влогови треба да има

Дали граѓаните ќе плаќаат дополнители 15 отсто данок на орочените суми во банка или на продадени акции на берза сеуште е нејасно. Оваа мерка која ја најави СДСМ уште во изборната програма треба да стартува за само неколку месеци, на почетокот на 2020 година, но сигналите кои се испраќаат од владеачката партија се се повеќе очигледни дека тоа нема да се случи.

Денеска вицепремиерот Ангушев со контра став од министерката Ангеловска. Данок на штeдните влогови, односно на исплатените камати над 15 илјади денари треба и мора да има, додека данок на капиталните добивки не, бидејќи со тоа ќе се намали тргувањето на берзата и ќе се доведе во прашање нејзиното постоење и опстојување.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, евентуалното одложување на воведувањето на овие два даноци е доказ за лошата економска политика која ја води власта.

Завчера минстерката за финансии Нина Ангеловска најави дека е можно да се одложи оданочувањето на штедните влогови во банките што ги имаат граѓаните и на капиталните добивки на компаниите. Инаку, промените кои се планираше да се воведат значеа дека граѓаните ќе треба да плаќаат данок од 15 отсто за дивидентите, данок за заштедите кои ги чуваат во банка ако годишните камати надминат 15 илјади денари.

Данокот за капитални добивки и за штедни влогови беше и во изборната програма на СДСМ а беа поддржани од поранешниот министер Тевдовски чиј став беше дека на тој начин ќе се овозможи поголемо оданочување на побогатите и е само една од мерките која води кон поголема еднаковост при распредлабата на богатството.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ