
Ангеловска тврди дека јавниот долг нема да надмине 60 проценти од БДП
Буџетските приходи во мај пониски за 24%. Но според министерката Ангеловска, земјава оди кон пооптимистичко сценарио, бидејќи падот бил помал од тој во април. Буџетскиот дефицит се искачи на 2,8 проценти од БДП, а според Ангеловска вкупно ќе се задолжиме со 1,43 милијарди евра, за да ја покриеме дупката и трошоците за справување со Ковид-19. Сепак според неа јавниот долг нема да надмине 60 проценти од БДП.