Ангеловска се уште анализира за изедначувањето на акцизата на Екстралесното горови со дизелот

Министерството за финансии и Царинската Управа се уште прават анализи за предлогот на Стопанската комора на Македонија за изедначување на акцизата на Екстралесното гориво со дизелот, со кој треба да се стави крај на масовната злоупотреба на црвената нафта.

„Дали решението кое што ќе биде предложено до владата ќе биде изедначување или покачување на цената на нафтата дополнително ќе излеземе и ќе информираме. Треба да бидеме многу внимателни, да правиме детални анализи и да базираме одлуки на анализи, разгледуваме и точно колкаво е користењето на Екстралесната нафта“ – Нина Ангеловска, министер за финансиии.

Инаку, за да се задоволат годишните потреби за домаќинствата потребни се 5 милиони литри екстралесно масло за домаќинства, но статистиката покажува дека се трошат дури 50 милиони литри. Од друга страна, за разлика од Министерството за финансии, Регулаторната комисија за енергетика смета дека со изедначувањето на акцизата за Екстралесното гориво и дизелот ќе се спречат злоупотребите што сега прават штета и на буџетот, но и еколошките штети.

„За изедначувањето на акцизата на Екстралесното гориво со дизелот,  РКЕ имајќи ги предвид податоците, но и голем број на дојави за злоупотреба на ЕЛ кое понекогаш се користи како дизел гориво а акцизата е многу ниска и на тој начин се намалуваат приходите во буџетот во државата и со тоа се оштетуваат сите граѓани,  апсолутно ја поддржуваме оваа мерка имајќи предвид и еколошкиот аспкет дека ЕЛ гориво е со далеку полош квалитет во однос на дизелот“ – Марко Бислимоски, Претседател на РКЕ  (9 април 2020).

Поранешниот министер за финансии и члена на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вели дека за предлогот треба да се размисли бидејќи токму тука се прават големите малверзации.

„Треба да се размисли за делот од предлогот за изедначување на акцизата за екстра лесното гориво со таа на дизелот. Овде се прават големи малверзации и државната каса е во континуитет оштетена за значително приходи по овој основ“ – Трајко Славески, поранешен министер за финансии.

Стопанската комора на Македонија пред три дена предложи пакет мерки мерки меѓу кои за два денари да се зголеми акцизата за безоловниот бензин и евродизелот, додека акцизата за екстралесно гориво да се изедначи со акцизата за дизел горивото. Со што сметаат дека во буџетот ќе има дополнителни 42 милиони евра годишно.

Наташа Стојанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ