Ангеловска: Парите не се исплатени на „Макпетрол“, туку се префрлени на посебна сметка на МЕР

Владата во декември префрлила 2 милијарди денари на посебна сметка на македонски енергетски ресурси за конечно да се затвори деценискиот спор со „Макпетрол“ околу сопственоста на гасоводот – тврди министерката за финанасии Нина Ангеловска, прашана зошто  информира дека се реализирани капиталните инвестиции од 78 проценти, а кај владата дури 99 проценти со исплата на парите на „Макпетрол“ за акцијата во ГАМА, кога оваа транскација не е реализирана. Ангеловска тврди дека со префрлањето на парите  од владата на МЕР, односно од влада на државно претпријатие практично може да се смета дека капиталните расходи се реализирани во тој процент, иако процесот не завршил односно компанијата не ги добила парите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ