Ангеловска: Парите на граѓаните онаму каде ќе дадат најдобар ефект

Предлог – буџетот за наредната година е во ресорната собраниска комисија. Од денеска почнува расправата за рекордните 3,9 милијарди евра, кои владата најмногу сака да ги потроши за човечкиот капитал, односно да го подобри здравството, образованието и социјалниот систем во земјава.

Опозицијата обвинува дека власта скроила буџет со кој го жртвува развојот на државата за сметка на поткуп на гласачите.  Најавија 317 амандмани, а денешната расправа ја следат со потсмев и со довикувања.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ