
Ангеловска: Нема да има ребаланс на Буџетот, ќе се кратат трошењата во Буџетот
Нема да има ребаланс на Буџетот во моментов, но ќе има буџетски кратења, Владата ќе носи уредби за пренамена на средства од еден на друг буџетски корисник – изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.
Според Ангеловска, најголемиот шок или најцрното сценарио од Корона кризата се очекува во вториот квартал од годинава, во теретиот квартал се очекува стабилизација, а последниот квартал опоравување дури и евентуален раст.
Со заемите од околу 600 милиони евра ќе се се обезеди ликвидноста на буџетот, а Владата е тука за да излезе во пресрет на граѓаните, семејните бизниси, фирмите и за заштита на секое работно место, рече Ангеловска. Мерките за помош на стопанството и граѓаните Ангеловска ги најави за неколку денови.