Ангеловска: Ќе се одложат ратите за кредитите за најмалку три месеци

Ќе се одложи плаќањето на ратите за кредитите за грашаните и компаниите за најмалку три месеци. Народната банка ја смени регулативата, а се очекува Уредбата утре да помине на владина седница.

„Граѓаните и компаниите ќе добијат понуда или известување од банките за одложување на обврските, по што ќе треба да се изјаснат дали се сложуваат со поповолните услови или не. Доколку не се изјаснат за 10 дена ќе се смета дека  ја прифаќа поповолната понуда за одложување на ратите за кредитор. По услојување на Уредбата, се надевам утре ќе го објасниме целиот процес. Наше е да ја креираме можноста без да одат граѓаните во банки да добијат одлаложување на обврските и тоа ќе биде направено.“- рече Ангеловска.

Таа појасни дека при разговорите со банките имало расположение и за одложување на плаќаеата и за шест месеци, но тоа ќе си го регулираат самите клиенти со банките.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ