Ангел Солев и Ангеле Илиевски нови членови на Советот на јавни обвинители

Без расправа, комисијата за избори и именувања ги предложи адвокатите Ангел Солев и Ангеле Илиевски за нови членови на Советот на јавни обвинители а државниот правобранител Насер Ајдари за уставен судија. Илиевски кој е познат на јавноста како адвокат на ексразузнавачот Верушевски и Солев поранешен судија и член на Судксиот совет  треба да бидат изгласани од Собранието пред да седнат на испразнетите места во Советот на јавни обивнители.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека парламентарното мнозинство во отсуството на опозицијата ги партизира институциите.

„Изборот на Насер Ајдари, функционер на ДУИ на испразнетото место во Уставниот суд и изборот на Ангел Солев и Ангеле Илиевски кој што според пишувања во медиумите се членови на правниот комиет на СДСМ, претставува класична партизација на овие два органи. И СДСМ, и ДУИ, и Талат Џафери се свесни на овој начин не се спроведуваат реформи односно ваквото работење и функционирање не е во согласност со забелешките и заклучоците од извештајот на Прибе на кој што секојдневно се повикуваат“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако минатата недела комисијата не успеа да ги изгласа поради немање кворум, денеска кворумот беше обезбеден со пратеникот од Беса Фадил Зендели.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ