Андов: Мичел заслужува политички културен одговор

Помошник државниот секретар на САД Вес Мичел најкултурно изрази подготвеност да помогне земјата да го задржи вистинскиот правец, но и загриженост и незадоволство од однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ. Од Христијан Мицкоски доби одговор без политичка култура и без суштина, вели поранешниот спикер Стојан Андов. Основно е, рече Андов, што лидерот на опозицијата смета дека сите се одговорни освен неговата партија, за која не се знае дали и како преговарала додека беше на власт.

Професорот Владо Попоски вели дека доколку овој процес на уставни измени не заврши како што треба, не очекува страшна неизвесност.

Поранешниот дипломат и професор Мухамед Халили очекува пратениците да покажат дека имаат свој политички став и дигнитет и дека работат во прилог на граѓаните. За него е неприфатливо лидерите да се договараат како да гласаат народните избраници.

Халили уверува дека Македонија нема да ја изгуби поддршката од меѓународната заедница поради одбивноста што една политичка елита сега ја покажува кон стратешките определби за НАТО и Европската Унија.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ