Аналитичари: Изборите не се решение за политичката криза

Моменталните позиции на најголемите  партии дополнително ќе ја продлабочат политичката криза . Изборите нема да понудат решение а можен е и бојкот од страна на Вмро Дпмне по одбивањето на  условите кои ги поставија, оценуваат познавачите на политичките состојби во државата. Поранешниот пратеник од Вмро Дпмне Михајло Пановски не ја исклучува можноста , историјата да се повтори, кога во 1994 година партијата која тогаш беше под водство на Љупчо Георгиевски одлучи да не излезе на избори.

Евентуалните предвремени избори ќе ја забават реформската агенда за евроинтегративните процеси,економијата ќе тоне, неизвесно е каква состојба ќе имаме по нивното завршување, последиците ќе бидат големи.

Трошка надеж за излез од кризата би било формирање заедничка коалиција од сите партии која ќе има шестмесечен мандат.

Време за одолговлекување нема затоа што имплементацијата на Договорот со Грција зависи од нашите потези а во меѓувреме на ЕУ треба да и се испорачаат и реформи во судството и борба против корупцијата.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ