Американската компанија „Дура“ влегува во Македонија

Американската компанија Дура аутомотив системс е новата инвестиција која влегува во ТИРЗ зоната Бунарџик.

Почетната инвестиција ќе тежи 18 милиони евра, градежните работи ќе завршат до крајот на годината, а производството се очекува да стартува кон средината на следната година.

За 10 години се планираат вложувања од 38 милиони евра и отворање на 500 работни места.

Ќе се произведуваат алуминиумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили како Ауди, Фолксваген.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ