
Американската донација на опрема за снимање за прв пат употребена во Кривичниот суд во Скопје
Во една од судниците на третиот кат во Кривичен – обвинета за производство и тргување со дрога почека да ја слушне пресудата за делото.
Зборовите на одбраната и на обвинителот, како и на судијата кој пресуди условна казна затвор од две години, за првпат се снимаа тонски, наместо записничари да заведат на хартија кој и што рекол на рочиштето.
Опремата за снимање е донација од Соединетите Американски Држави, па затоа и амбасадорката дојде да провери како тоа изгледа во пракса.
Снимениот материјал по секое рочиште, судот ќе има обврска да го даде ископиран на ЦД.
Истиот ќе биде вметнат и во АКМИС системот. Освен судницата каде што за првпат се снимаше рочиште, уште 24 вакви во Кривичен добија иста опрема.
Воведување на тонското снимање во Кривичен со донираната опрема не значи и крај на работата за записничарите во Судот.
Тие остануваат да работат таму, ќе се грижат за опремата со која ќе се снима, а ако има потреба ќе напишат дополнителен записник по крајот на рочиштата.
Петар Догов