
Амбасадорските имиња заглавени во владата, вклучително и за НАТО
Македонија до понеделник ќе има воен претставник во НАТО, точно пред стартот на самитот во Лондон, договорено е вчера на состанокот меѓу министерската за одбрана Шекеринска и претседателот Пендаровски. Амбасадорската позиција пак на земјава во НАТО останува празна иако најавите беа дека до самитот ќе биде испратен амбасадор таму. Процедурата за амбасадорите, меѓу кои и за Алијансата, е заглавена во владата каде не можат да се усогласат околу имињата. Неофицијално дознаваме дека ДУИ поставило ултиматум сите амбасадори етнички Албанци да бидат од ДУИ.
Јас се надевам дека координациите во рамки на валадата ќе завршат наскоро, можеби и наредниве недел или две, не можам да прецизирам, бидејќи немам комплетен увид во тоа, бидејќи станува збор за координации во моментов во рамки на владата. И после тоа треба да добијам јас официјален предлог – МНР, влада – за да можам да се признесам. До овој момент немам никаков предлог на хартија. С се надевам дека тие внатрешно владини координации ќе заршат наскоро,
изјави претседателот.
Шефот на дипломатијата Димитров денеска од политичките фактори побара да бидат одговорни и деновиве да ја завршат постапката за именување на амбасадори, особено во НАТО, каде би било крајно несериозно да станеме полноправна членка со вршител на должност.
На еден метар од остварувањето на стратешката цел, полноправно членство во Алијансата, ќе биде крајно несериозно ако политичките фактори кои што учествуваат во постапката за именување амбасадори не успеат да обезбедат амбасадор. Ќе биде исклучително лош сигнал ако полноправното членство го пречекаме со вршител на должност. Таа работа мора да ја звршиме овие денови и одговорноста на овие политичи чинители е голема во таа смисла. Се разбира дека ќе ја завршиме таа работа,
изјави Димитров.
Претседателот пред две недели пак изјави дека по формирањето на техничката влада за предвремените избори принципелно нема да именува амбасадори. Со тоа рокот да се заврши процедурата за новите амбасадорите е Нова година, во спротивно над 20 наши амбасади меѓу кои во САД, Италија , Холандија, Русија, Кина, а можеби и НАТО, ќе останат без амбасадор уште најмалку 6 месеци.
Тамара Грнчароска