
Амбасадорот Лоренцо смета дека е тешко, но не и невозможно да се ратификува протоколот за НАТО до 12 февруари
По најавата на Шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера извесно е дека Собранието предвреме ќе го ратификува протоколот за членство на земјава во НАТО. Во владинот предлог ќе се вметне клаузула за одложена примена, законот да важи откако Шпанија ќе го депонира протоколот во Вашингтон.
Протоколот во Собранието ќе се ратификува на 11 февруари. Претседателот Стево Пендаровски очекува процедурата во Шпанија да заврши до почетокот на предвремените парламентарни избори.
Тоа е последната земја за ратификација, по што Македонија и официјално ќе биде прогласена з аполноправна членка на Алијансата.
Јулијана Пешевска