Амбасадата на САД со 25 тимови го набљудува изборниот процес

Амбасадата на САД има вкупно 25 тимови што го набљудуваат изборниот процес низ земјата. За ова информира Микаела Швајзер-Блум, заменик шеф на мисијата на САД во нашата држава, денеска пред ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје.

– Изборите се многу важен дел за секоја демократија и веруваме дека е многу важно гласачите да можат да гласаат во атмосфера без заплашување и принуда, и дека процесот на гласање е транспарентен и одговорен, изјави Швајцер-Блум.

Таа информира дека ќе ја разгледаат проценката и податоците од ОДИХР, но за нив е корисно да можат да бидат надвор за да ја увидат состојбата на терен

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ