
Амбасада на САД: Решавачки е да се донесе закон за јавното обвинителство
Американската амбасадата во Скопје вели дека е решавачки да се донесе закон за јавното обвинителство, пренесува порталот 360 степен.
За соединетите држави е важно, да се потенцира дека специјалното обвинителство игра важна улога во напорите на Северна Македонија, да ја покаже посветеноста на земјата за независно судство, и одговорност за минатите криминали и корупција.
Ова е причината зошто е решавачки да се донесе закон за јавното обвинителство, како дел од поголемите напори за градење и зајакнување на одржливи институции засновани на владеење на правото.
Ова ќе осигура дека специјалното обвинителство може да продолжи со својата важна работа, и да ги продолжи своите случаи без прекин, што пак, ќе и помогне на северна македонија да напредува со интеграцијата кон нато и Европа, пишуваат од амбасадата.
Американската амбасада целосно ја поддржува одлуката на обвинителството да ги истражи сите наводи за корупција, и да ги гони во согласност со законот и врз основа на проверливи факти.
Секој за кого има наводи дека ја злоупотребил довербата на јавноста, мора да сноси одговорност, велат од американската амбасада по притворот на шефицата на СЈО Катица Јанева.