Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за ЈО пристигнаа во правда

65-те амандмани за законот за јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ вчера вечерта по завршувањето на тв дуелот меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пристигнале до министерството за правда.

Министерката за правда, Рената Дескоска на својот фејсбук напиша дека на ВМРО-ДПМНЕ часовникот им доцни најмалку четири часа.

“На вистинско место – на театар, додека надвор се случувала вистинска драмолетка околу амандманите. Денеска ВМРО-ДПМНЕ два пати покажа дека живеат во паралелна реалност: прво тврдеа дека сме прифатиле нешто што никогаш не сме им прифатиле. Вечерва тврдеа дека доставиле во пишана форма амандмани во министерството, па потоа рекоа дека пратиле на мејл. Ама дознавме и дека не живеат само во паралелна реалност, туку и саатот им доцни – најмалку 4 часа. Но, според постапките изгледаат изгубени и во времето. само не ми е јасно зошто им требаше целата оваа драмолетка?!“, напиша Дескоска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ