Алцхајмер – епидемија на 21 век

На секои три секунди во светот еден човек заболува од Алцхајмер. Кај нас, според статитстиките на СЗО има 20.000 заболени , а од нив само 20 насто се дијагностицирани. Ја нарекуваат епидемија на на 21 век .Обично се јавува кај луѓе над 65 год.

Навременот откривање и терапија , не може да ја излечи болеста , но сепак на овие пациенти им дава да поминат повеќе време со своите најблиски пред да бидат хоспитализирани.

На Скопскиот плоштад денеска се одбелжа светскиот ден на Алцхајмеровата болест. Болест која ги краде спомените, но не и оние најстарите длабоко врежани во меморијата на пациентите. Па затоа на платното кое беше поставено на плоштадот се прикажуваа црно бели филмови и се слушаа звуци на музика од минатиот век, џез блуз твист.

Причините за појавата на Алцхајмеровата болест не се целосно разјаснетисе, но се очекува бројката  од 50 милиони заболени во светот, да се зголеми трикратно во наредните 30 години.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ