Алкалоид нема да ги зголемува цените на своите производи

„Алкалоид АД Скопје“ соопшти дека ќе остане на својата одлука да не ги зголеми цените на ниту еден производ од било кој сегмент на своето производство независно од зголемувањето на цените на влезните суровини, логистичките и ресурсните предизвици со кои се соочува оваа компанија.

“Излезните цени на нашите производи, особено на лековите, дезинфициенсите, медицинскиот алкохол, антисептиците и останатите средства со антибактериско дејство се дистрибуираат согласно ценовниците кои важат од 1 февруари 2020 година и ќе останат исти” – соопшти Алкалоид.

Оваа компанија укажува дека заради зголемената побарувачка на дел од своите производи (лековите, дезинфициенсите, медицинскиот алкохол, антисептиците и останатите средства со антибактериско дејство) и предизвиците при набавка и транспорт на суровини и амбалажа од увоз, можно е да се јави застој во некој сегмент, но во никој случај нема да се дозволи прекин во снабдувањето на било кој од производите.

Алкалоид соопшти и дека заради отсуството на преку 150 вработени, кои се ослободени од работа, затоа што припаѓаат на ризичните групи, приоритет во снабдувањето со средства за дезинфекција и хигиена имаат болниците, здравствените домови и институциите кои функционираат во кризни услови.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ