
„Алкалоид АД“ Скопје со позитивни финансиски резултати
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2019 година.
Продажбите бележат раст од 14% во споредба со истиот период лани. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 2%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 23%. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март изнесуваат повеќе од 193 милиони денари.
Во истиот период реализирани се 55 нови вработувања.