
Алил Демири се потел во „Oпел Oмeгата“ заедно со уште три непознати лиц,а велат вештите лица во случајот „Монструм“
Остатоци од влакна, пот и кожа пронајдени во возилото Опел Омега во случајот „Монструм“ биле доволни да се заклучи дека во него се возеле четири лица. Три мажи и една жена. Претставници на лабараторијата на МВР и по шест години го уверуваа судот, обвиентите и СЈО, дека засега само ДНК-та на првообвиентиот бегалец во Косово Алил Демири се поклопува со неговата пот на наслонот од задното седиште на „Омегата“. Вештакот и сведок Роберт Јаневски посочи дека споредиле и ниту еден од четворицата обвинети присутни во салата, не оставиле нивни траги во тоа возило. Сепак, доказот за Демири според адвокатот на убиените момчиња е доволен судот да продолжи да им суди на веќе обвинетите лица за петкратното убиство.
И обвинителката Фатиме Фетаи го побара Алил Демири, а судот и одговори дека косовското Министерство за правда се уште не испратило одговор до македонските власти за барањето за екстрадиција на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Тамошните власти првично го одбија барањето за екстрадиција, тврдејќи дека не биле доставени доволно докази што укажуваат на нивна вмешаност во случајот. Нивните роднини овде, велат дека тие живеат на Косово и редовно комуницираат со нив.
„Монструм“ по пет години и една пресуда доживотен затвор за тероризам за петкратното убиство, одново се наоѓа во доказна постапка. Повторениот процес го превзема СЈО, а на денешото рочиште на површина исплива нов доказ „тефтерче“ во кое се споменуваат имиња на обвинети. Сега е во раце на судот кој вети дека ќе одгвори што пишува внатре и чиво е тефтерчето, пронајдено во папката за докази од пред 6 години.
Павле Беловски