Алијансата за Албанците доби мнозинството во советот на Општина Гостивар

Алијансата за Албанците го доби мнозинството во советот на Општина Гостивар. Одлучувачките 16 гласа се во рацете на партијата на градоначалникот Арбен Таравари.

Поранешниот претседател на Советот, Насир Муслиу од ДУИ, на почетокот на денешната седницата поднесе оставка, образложувајќи дека ја дава поради тоа што веќе немаат мнозинска поддршка. Советот потоа, за нов претседател го избра Бесим Мемеди, од Алијанса за Албанците.

На изборот на Мемеди остро реагираше советникот од СДСМ Зоран Ангелов. Тој истакна дека се прекршени деловникот за работа, статутот на Советот и Законот за локална самоуправа

Пресвртот во мнозинството на советот го направи советникот од Демократски сили на Ромите, Кашмир Салиу кој досега ги подржуваше ДУИ и СДСМ а денеска гласаше за новиот претседател на советот Бесим Мемеди од Алијансата за Албанците.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ