
Алијанса на Албанците: Обвинителството треба да преземе мерки против челниците на ДУИ
Со таканаречените бомби кои ги објавуваше Заев но и сегашните на „Ел Чека“ јасно се гледа дека премиерот го штити криминалот на ДУИ, обвинија од Алијансата за Албанците. Заев и СДСМ молчат и се однесуваат индиферентно кон новите прислушкуваните разговори, и не создаваат никакви услови на гонење на високи функционери кои го прекршиле законот.
Криминалот на ДУИ како што посочи Беџети ја држи во заложништво европската перспектва на земјава.
Лицето А.Ш. од Кичево или познат на јавноста како Ел Чека, „бомбите“ преку Фејсбук ги објавува од Чикако
Тој пред извесно време посочи дека бомбите ги објавува по наредба на осудените од Диво Насеље и го предупреди премиерот Зоран Заев да внимава на осудените за овој случај.
Месециов Основното јавно обвинителство достави кривична пријава до кичевското Обвинителство против лицето Ел Чека за неовластено прислушување и тонско снимање
Зоран Димовски