
Али Ахмети во „Монструм“: „Јас сум лидер на политичка партија, а не директор на театар“
“Менаџирал” е активноста која лидерот на ДУИ, Али Aхмети ја правел кога од телeвизија видел дека има пет убиени лица кај смилковското езеро.
Не влијае врз судството, а се инофмриал од свои сопартијци за случајот.
Имал одговорност како пратеник кон граѓаните и затоа инсистирал за предметот одново да се суди. Се заради вистiната, на заради блисксота со некои од обвинетите.
„ Пред се, ние сакавме вистината да излезе на виделина и да триумфира правдата, само така можат да најдат мир тие кои ги загубија своите најмили, но и не со секој услов да се инструментализира еден виновен туку тој што го има сторено делото и да одговара, да нема селективна правда. Ваквите случаи нас не примораа да размислуваме на ветинг во судството, рече Ахмети.
На налетот од прашања од обвинителката Фатиме Фетаи и родителите на убиените момчиња поврзани со аудио бомбите, Али Ахмети признава дека зборувал со судии и политичари.
Јас сум лидер на политичка партија, а не директор на театар ќе одговори зборливиот Ахмети од пултот во судницата.
Од необјасниви причини за јавноста судијата Огнен Ставрев не дозволи медиумите да снимаат на почетокот од рочиштето, ниту даде одговор дали тоа го побарал сведокот Ахмети.
Неговото место го зазеде сопаратијецот и вицепремиер,Бујар Османи, кој исто така негираше дека постоеле политички договорања за овој предмет.
„Многу е важно што има повторување на судскиот процес за случајот наречен „Монструм“. Тоа е важно затоа што очигледно првото судење поради чувството на нетранспарентност создаде многу дилеми по однос на епилогот на судењето што потоа придонесе на недоверба на одлуката за процесот, но и недоверба во целиот судски процес” – рече Османи.
Последен сведочеше тогашниот заменик-министер за внатрешни работи Џељал Бајрами кој потврди дека го иформирал лидерот на неговата партија како течела истрагата, а посочи дека министерката Јанкуловска предвреме ги обвинила сега посочените сторители на убиствата на што Бајрами реагирал. Остана судот да цени дали овие сведоци фрлаат ново светло во повторениот предмет со одлука на врховниот суд 2017-та година иако родителите на убиените момчиња и рибарот обвинија дека политичката партија ДУИ вршела притисоци предметот да се врати назад иако доказите ја докажале вината на осудените и одново обвинети.
Доколку е албанец сторител ќе ги казниме со плукање. Ова е срам за албанците одново потврди Али Ахмети во судницата на прашање на Накевски. Во серијата политичари-сведоци во „Монструм“ судот одговри ќе бара и од Сашо Мијалков, Синиша Алексовски, Блерим Беџети и Муса Џафери као и од Зоран Трајковски до кои уредно се испратени судски покани.
Павле Беловски