Александар Трајковски дојде на суд, ама молчеше пред новинарите

Денеска во судот како еден од обвинетите во случајот на СЈО „Шлаканици во Центар“ се појави и Александар Трајковски, кој јавноста го виде на фотографијата со Никола Груевски во Будимпешта.

Тој не беше расположен да даде изјава пред камерата на Телма, зошто боледувањето кое го отвори во „Царинската управа“ каде е вработен, отиде да го користи во Будимпешта. Јавноста се прашува и дали тој како советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ во општина Гази баба, не извршувал и некоја партиска задача во Будимпешта. Се уште не се знае кој ги фотографираше Трајковски и азилантот Груевски во центарот на Будимпешта.

Тој во разговор со новинарите пред почетокот на рочиштето рече имал средба со Груевски, но дека не знае кој ги фотографирал, а за себе се правдаше дека бил во ДУНА медицина во Унгарија по дијагноза бидејќи имал проблеми со белите дробори, а овде не можеле две години да му постават дијагноза, па затоа матичниот лекар го пратил во Унгарија.  Според негова проценка Груевски е во добра здравствена состојба но, не излегувал често на прошетки.

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, која го води случајот „Шлаканиците во Центар“, му ги побарала лекарските наоди на Трајковски за неговата здравствена состојба. Во текот на рочиштето денеска сведочеше Марија Бошковска- Јанковска, советничка од нсдп, која го посочи трајковски како еден од најбруталните напаѓачи во јуни 2013 година, кога беше искршена општина Центар.. Таа кажа дека тој ја навредувал со погрдни зборови дека зел скршено стакло да ја гаѓа, но во тоа го спречила Даниела Рангелова

Во случајот на СЈО „Насилсва со Центар во 2013 година“, обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште девет лица.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ