Александар Македонски и Трамп во различни улоги во соопштението на Иранската амбасада во Скопје за кризата на Блискиот Исток

Иранските дипломати од амбасадата во Скопје велат дека Трамп е многу поразличен од однесувањето на античкиот освојувач Александар Македонски. Телма побара став од амбасадата на Иран за актуелната состојба и до нас беше доставен одговор насловен „Трансдипломатскиот говор на Иранскиот народ“. Во него е цитиран државниот став на Исламската Република за најновите случувања, но има и посебен додаток кој е обвинувачки за американскиот претседател Доналд Трамп и неговото сфаќање на културното наследство во Иран-поранешнa Персија.

-Замислете еден човек кој преку користење на зборови од науката на меѓународните односи, наука која не претендира за морал и правда туку ја проучува моќта, да вели дека Трамп ги брани интересите на својата земја. Може да се одговори дека според споменатата наука тој е во право, и дури и преку чин позлобен од волјата за моќ и напад врз ирански културни центри, но со поглед кон историска Македонија треба да биде предупреден за грешката. Во далечното минато кога проширувањето на териториите по било која причина имаше значење, Александар Македонски ја освои Персија, но кога се соочи со културното богатство на таа земја тој стана бранител на културата користејќи особености на иранската култура. Неговата порака за Трампизмот изгледа дека може да биде: „Не е се интерес, збогати ја својата култура поврзана со другите земји за да можеш за бидеш во иста насока со светот кој произведува култура, ова најважно нешто создадено од Бога. Само со мислата за напад врз културата, се напаѓаш себеси и својот народ, стои во додатокот.

Додатокот е збогатен со слика од Александар и неговата персиска сопруга Росана.

Иранската амбасада соопшти дека одмаздничкиот акт со напад врз американските воени бази по ликвидацијата на иранскиот генерал Касем Сулејмани бил инициран поради меѓународното право но и поради милионските собири во Иран кои барале одговор.

-Неколку часа по излагањето на Трамп, претставникот на Иран во Обединетите Нации преку нота му се обрати на Генералниот Секретар на ООН: „Вооружените сили на Иран врз основа на неприкосновеното право за самоодбрана и според членот 51 од Повелбата на ООН, извршија умерен и соодветен напад врз една воздушна американска воена база од каде беше извршен кукавичкиот напад врз маченикот Сулејмани“. Тој додаде дека Иран не сака зајакнување на тензиите или војна, соопштуваат од амбасадата.

-По еднонеделно народно обединување во Иран, Ирак и регионот, американскиот претседател Доналд Трамп беше принуден да изјави: „ Америка е спремна за мир со тие што сакаат мир“. Тој додаде: „ ИСИС беше природен непријател на Иран со што Америка и Иран можат до соработуваат во заедничките приоритети“, тврдат од амбасадата на Иран во Скопје.

Иранската амбасада соопшти дека Сулејмани бил убиен во Багдад додека вршел дипломатски активности насочени кон подобри врски во арапскиот свет.

-При неговото последно патување тој пренесуваше порака за взаемна комуникација со една арапска соседна земја на Ирак, Саудиска Арабија, која требаше да се пренесе преку ирачките власти. Каква и да беше неговата порака, сега таа доби трансдипломатско значење: владите да мислат на своите народи и особено надвор од своите граници, ако се борат против меѓународниот тероризам да бидат во потрага по заедничка дефиниција за екстремниот национализам, за да не може жителите на еден регион според своите експансионистички и колонијалистички интереси да ги нарекува терористи и од другите да побара да убиваат и да умираат во нивниот пат, потенцираат од амбасадата на Исламската Република Иран во Скопје.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ