Албанско знаме беше поставено на Самоуловата тврдина во Охрид

Големо знаме на Република Албанија денеска беше поставено на источната страна на Самуиловата тврдина во Охрид, веднаш зад големиот јарбол на кое е истакнато македонското национално знаме.

Случајот го забележале граѓаните кои живеат во тој дел на градот, а направените фотографии покажуват четири лица како го поставуваат знамето на тврдината. На социјалните мрежи се појави уште една фотографија на која се гледа како лице во албанска носија виори знаме на кулата на тврдината.

За случајот е запознаена полицијата која испрати екипа на лица место заради утврдување на околностите во врска со настанот.

Oд МВР информираат дека знамето било постaвено од лица кои се претставиле како членови на фолклорна група а двајца однив биле повикани во полициска станица. Од МВР додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Како што се дознава лицата кои го поставиле знамето наводно сакале да се сликаат.

Дел од медиумите објавија дека фолклорна играорна група од Косово утрово го поставила знамето на Р.Албанија на Самоиловата тврдина во Охрид.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ