Албанските власти потврдуваат дека Груевски избегал преку Албанија

Екс премиерот Никола Груевски избегал преку Албанија. Албанските власти ја потврдуваат оваа информација за Телма.

Додаваат дека Никола Груевски на 11.11.2018 година во 19 часот и 11 минути ја напуштил Албанија на граничниот премин „Хани Хоти“.

Груевски се упатил кон Црна Гора, а границата ја преминал со возило кое било во сопственост на Унгарската амбасада во Тирана со регистарски таблички CD1013A.

Претходно унгарската амбасада во Тирана ниту ја потврди, ниту ја демантираше информацијата дека  Груевски, една ноќ минал во оваа амбасада.

За тиранската телелвизија Топ чанел, од амбасадата кусо одговориле дека „не ги коментираат процеси [to се во тек“, поаѓајќи од фактот дека барањето за азил на Груевски се разгледува во Будимпешта.

Некои регионални медиуми пренсоа дека Груевски откако една ноќ минал во унгарската амбасада од аеродромот во Тирана заминал за Будимпешта.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ