Алармантно загадувањето во Тетово

Старата рана пак се отвори. Втор ден тетовци се гушат во загаден воздух, каде концетрацијата на штетните честички е за два ипол пати поголема од дозволените граници. Во утринските часови градот е обвиен во чад, кој доаѓа од долниот дел на Тетово. Граѓаните претпоставуваат дека повторно се пали сметот кај претоварната станица, која сега е лоцирана кај тетовски Требош.

На претоварната станица поради честите дефекти, сметот наместо во големите контејнери се истура и таложи на земја. Од Јавното комунално претпријатите, уверуваат дека не се пали сметот во станицата затоа што истата е оградена и постојано дежура чувар. Здравствените работници апелираат што поскоро да се најде изворот на загадување.

Од Општина Тетово, велат дека Инспекторите при општинскиот инспекторат од утринава се на терен,  и се обидуваат да го лоцираат изворот на загадувањето

Во меѓувреме е доставена пријава до СВР Тетово, за да се направи навремена истрага за  откривање и санкционирање на сторителот или сторителите.

Тетовци изминативе четири месеци дишеа чист воздух. Последното загадување беше регистрирано на 4 мај, кога среднодневната концетрација изнесувала 53 микрограми на метар кубен воздух.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ