Акцијата „Твој град, твоја јавна површина“ на општина Тетово, заврши неуспешно

По тротоарите, улиците, на градскиот плоштад, се уште има диво поставени тезги, инвентар каде се продава се и сешто.

Акцијата „Твој град, твоја јавна површина“, која според градските власти имаше за цел да ги ослободи јавните површини, кои со години беа узурпирани, заврши неуспешно.

Минатиот месец во рамки на акцијата општината преку фотографии се пофали дека остранила разновиден диво поставен материјал и инвентар. Но јавните површини за неколку дена пак беа пак узурпирани.

Граѓаните велат дека проектот „Твој град твоја јавна површина“, бил само маркетиншки трик на општината.

Од Општина Тетово поврдуваат дека со акцијата не успеале да го ослободат јавниот простор. Сега најавуваат дека координирано инспекциските служби ќе ги ослободуваат узурпираните површини.

Градската власт секоја пролет најавува дека јавниот простор ќе биде наменет исклучиво за пешаците, но истиот со години се користи за бизнис и трговија.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ