
Акција против криумчари на мигранти-уапсени и полицајци
Во акција на повеќе места низ целата држава уапсени се повеќе лица кои се организатори на мрежа за криумчарење мигранти, дознава Телма.
Меѓу уапсените има и полицајци кои биле дел од мрежата која работела на територија на Македонија и Грција, но имала криминални врски и со другите земји на балканската мигрантска рута. Утрово има претреси и приведувања во Арачиново, Гевгелија, Струмица и Валандово.
Обвинителството за организиран криминал и Одделот на МВР за борба со организиран криминал ја спроведуваат акцијата која се уште трае и во која учествуваат и полициски специјалци.
Миомир Серафиновиќ