
Активистите со критики за владиниот план за развој на Попова Шапка
Ниту се работи ниту е започнат процес за развој на скијачкиот центар, велат од иницијативата да ја спасиме Попова Шапка, откако вчера вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, изјави дека се работи на физибилити студија за Попова Шапка во која ќе бидат презентиран техничката, правната и финансиската анализа на можностите на центарот, кој потоа ќе оди на продажба.
Речиси половина година се збори дека се работи на физибилити, а од агенцијата изнајмена за изработка на студијата имаме информации дека не им биле дадени никакви насоки од владата да започнат со работа, велат од иницијативата.
Ниту еден инвеститор не би сакал да инвестира во центарот ако ја нема потребната инфраструктура која треба да ја обезбеди владата. Попова Шапка сега се наоѓа во руинирана состојба, мора да се создадат основните услови за нејзин развој, ургентен приоритет на владата треба да и биде изградба на жичницата Тетово – Попова Шапка, истакнаа од иницијативата
Попова Шапка подолг период се соочува со лоши туристички сезони. Минатата влада ветуваше милионски инвестиции на центарот, а сегашната најавува продажба на странски компании
Но на центарот засега нема никакви конкретни активности за развој на овој природен потенцијал, кој според одредени проценки има најголем капацитет на балкајот со ски патеки од околу 500 километри.
Зоран Димовски