Актерот Јовановски излегува од Шутка во куќен притвор

Актерот и учесник на протестите за заедничка Македонија, Владо Јовановски излегува од Шутка во куќен притвор, одлучила Апелација.  На останатите кои денеска на јавни седници се жалеа во Апелација судиите им ги отфрлиле жалбите, потврдија од судот за Телма.

Пратеникот Крсто Мукоски остананува во Шутка, пратеникот Љупчо Димовски во домашен притвор, а одбиена е жалбата и на Мунир Пепиќ од агенцијата за разузнавање.

Вчера Апелација од притвор во домашен притвор ги пушти пратеникот Арнаудов, предводниците на протестите Богдан Илиевски и Борис Дамовски  како и Јане Ченто од патриотските здруженија а ги одби жалбите на  екс министерот Митко Чавков и пратениците Сашо Василевски и Јохан Тарчуловски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ