
Ако не се најде решение за името до јуни, поддршката од јавноста ќе се намали
Македонија никогаш не била поблизу до изнаоѓање решение за прашањето со името но ако тоа не се реши до јуни, од есен ќе биде се потешко вели универзитетскиот професор Никола Дујовски.Сега сме уште во фаза кога граѓаните силно веруваат дека е можно за неколку недели или месеци да се дојде до решение на проблемот, во спротивно вели тој преговорите може да стагнираат бидејки следната година ќе има избори и во Македонија и во Грција
„И кредибилитетот на премиерот и на преговарачите од македонска страна а веројатно и во грција, и нивниот авторитет и поддршка што ја имаат во јавноста ќе опаѓа.Зашто доста ни е од чекање и барање изговори како да не се реши проблемот.Следната година се и избори ако не успееме во првата половина од годинава да го решиме, наесен тоа тешко ќе оди“, вели Дујовски.
Се уште не е потврдена локацијата каде ќе се одржи новата рунда разговори во спорот околу името меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји со посредство на Метју Нимиц но сигурно е дека таа ќе биде надвор од регионот.Средбата Димитров Коѕијас Нимиц ќе биде вистинскиот почеток ан преговорите вели Дујовски бидејки ќе се влезе во суштината на преговорачкиот процес а не само да се соопштуваат позициите.
„Ова е добар пат, ова е начинот на кој може да се н ајде решение профатливо за двете страни но по принципоот ништо не е договорено додека не се договори, да причекаме да видиме. Добро е што во оваа фаза има напредок и волја од двете страни.Решение е можно без да се менува Уставот, тука некаде е и конечниот договор, ниту Грција задоволна, ниту Макеоднија поразена“, додава Дујовски.
Процесот на барање решение не треба да се сведе на губитници и добитници вели Дујовски и предупреди на внимателност во давањето изјави од страна на политичката јавност алудирајки на изјавите на пратеникот Артан Груби кој иако не е дел од преговарачкиот процес излезе со став дека проблемот со името е решен.
„Ова е исклучително чувствиутелен период кога изјава на било кој политички претставник во двете држави може да наштети на процесот .Затоа нека преговарачите се тие што се најповикани да даваат изјави за текот на преговорите а тоа се мин за надворешни“, заклучува тој.
Дујовски е оптимист дека овој пат решение за проблемот со името може да се најде без потреба од вклучување на некоја трета страна,односно тн тешкаши од меѓународната дипломатија
Виолета З Стојановска