Ако имунизацијата продолжи со такво темпо – населението ќе има имунитет за околу два месеци

Денес се вакцинирале нешто повеќе од 200 деца. Ако продолжи имунизацијата со такво темпо секој ден, здравствените власти за два месеци ќе можат да стигнат до посакуваната бројка – 95% од населението во Скопје каде е прогласена епидемијата да има заштитен имунитет.

Од Институтот за јавно здравје за Телма во телефонски разговор објаснија дека нема начин како да се спречи здраво дете да не се зарази од мали сипаници во болница, каде што оди да се лекува од други болести. Здраво дете лесно може да се зарази од болно дете во болничкиот ходник или во чекалница додека вирусот кај второто е во период на инкубација. Од вчера двајца нови пациенти се хоспитализирани поради морбили.

  • Едниот е возрасен на 38 годишна возраст од Кисела Вода, со непознат вакцинален статус. Другото е дете на две ипол годишна возраст од Јурумлери. Во моментот на Клиниката има 21 пациент со морбили и компликации, велат од Министерство за здравство.

Досега повеќе од 6500 лица се вакцинирале, а според првите луѓе во здравството – треба 15 илјади да се вакцинираат, за епидемијата да престане.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ